Младеновски асистент во ремито на Вараждин со Горица

Македонскиот фудбалер Марио Младеновски, беше еден од заслужните за бодот на Вараждин во дуелот со Горица на домашен терен.

Високиот стопер асистираше во 27. минута до Латковиќ кој донесе предност, а потоа Ерцег во 45. минута од пенал успеа да израмни, и да не дозволи Вараждин да дојде до бодовите.

Младеновски одигра 90 минути и беше еден од најдобрите во својата екипа. Вараждин остана на четвртото место, и не успеа да го загрози третото место на Ријека. Сега овие два тима се израмнија со по 28 бодови.

Се вчитува...