И во текот на март нашите фудбалски судии и претставници во комисиите на УЕФА ќе бидат ангажирани на меѓународната сцена. Први ќе стартуваат најдобрите македонски футсал судии, интернационалците Марјан Младеновски, /како главен/, Јосип Бартон и Доне Ристевски кои утре на Кипар ќе го судат мечот од квалификациите за светското првенство во Никозија меѓу репрезентациите на Кипар и Молдавија.
На 9. март, менаџерот за фудбал во ФФМ Жарко Игњатовски ќе биде организационен директор во Кишињев на првиот четвртфинален меч во Лига на Европа меѓу претставникот на Молдавија Шериф и францускиот клуб Ница. Пред три недели Игњатовски во Кишињев се грижеше за организација на натпреварот меѓу Шериф и белградски Партизан.
Ангажиран е и комесарот за безбедност и интегритет во ФФМ Роберт Марковиќ,кој на 16. март ќе сегрижи за безбедноста на реванш четвртфиналната средба во Лига на Европа во Холандија меѓу екипите на АЗ Алкмар и Лацио. Во феруари Марковиќ ја контролираше безбедноста и на натпреварот во Турција меѓу Трабзон и Базел./М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА