Тројцата единствени македонски судии за футсал натпревари, кои имаат меѓународна категорија Марјан Младеновски, Јосип Бартон и Доне Ристовски добија ново признание од Комисија за футсал во УЕФА бидејќи на 8. ноември ќе го судат дерби мечот во групата во Архус меѓу Данска и Финска во квалификациите за Светското првенство. Ретко се случува во футсал на меѓудржавни натпревари да судат тројца судии од една иста држава.
Ова е вторпат како Младеновски, Бартон и Ристовски судат заедно. Пред неполн месец го судеа мечот, исто така во квалификациите за светското првенство меѓу Грузија и Белгија. Колку добро ја вршат својата работа како футсал судии, најдобро покажува и овој податок.
Пред две недели Младеновски судеше и на турнир во Литванија, Бартон во Белгија, а Ристовски на Малта, на квалификационите турнири за Лигата на шампионите во футсал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА