Младеновски, Бартон и Ристовски ќе судат во Словачка

Тројцата  најдобри и единствени меѓународни футсал судии во Македонија, Марјан Младеновски, Јосип Бартон и Доне Ристовски од страна на Судиската комисија на УЕФА се одредени да го судат калификацискиот натпревар за настап на Светското првенство во футсал – елитна група, меѓу Словачка и Германија.

Натпреварот ќе се игра на 9. октомври, во градот Ливице.

Пред две недели Младеновски и Бартон судеа во Тирана пријателски меч меѓу Албанија и Швајцарија на покана на Фудбалската федерација на Албанија  додека Доне Ристовски беше еден до 16 европски судии на финалниот турнир за Европското првенство, играчи до 17 години што се одржа на почетокот на септември во Пореч.

М.М.

Се вчитува...