Љубомир Младеновски имаше одличен натпревар против Косово, реализирајќи 12 поени, седум скока и една блокада и покажувајќи дека поседува потенцијал што може да се надградува.
„Знаевме дека сме поквалитетен противник од Косово и дека можеме да стигнеме до посакуваниот резултат од над четири поени. Влеговме со потребната енергија, игравме на далеку повисоко ниво и заслужено победивме. Сега пред нас е Естонија, ривал што не е поквалитетен од нас и против кого можеме да играме и да го совладаме на гостински терен“ – истакна Младеновски.
Откако имаше епизодна улога на претходните две средби, Младеновски овојпат доби посериозна минутажа и се покажа во одлично светло, пополнувајќи ја дупката што ја имавме во рекетот претходно.
„Секако дека сум среќен, мило ми е што добив шанса, чекав на овој момент да добијам можност да ги покажам квалитетите и верувам дека ја оправдав довербата. Се надевам дека и во иднина ќе се случува истото, јас секогаш сум подготвен да го дадам максимумот и да помогнам на репрезентацијата“ – порача доскорешниот центар на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА