Еден од нашите најдобри судии во футсал, интернационалецот Марјан Младеновски доби ново признание од Судиската комисија на УЕФА за футсал бидејќи ќе биде еден од судиите во Лига на шампионите, во главната фаза на 7. група што ќе се одржи во градот Каунас во Литванија од 25. до 29. октомври. На турнирот ќе учествуваат клупските прваци во футсал на Италија, Латвија Финска и Литванија. Во Каунас ќе судат, покрај Младеновски и најдобриот европски судија Никола Јелиќ од Хрватска, Португалија и Шпанија.
Годинава Младеновски судеше квалификации за светското првенство меѓу Грузија и Белгија, заедно со Јосип Бартон и Доне Ристевски, потоа на мечот за третото место на Европското првенство за жени и беше еден од судиите на финалнииот натпревар на Европското првенство, играчи до 19 одини.
УЕФА не го заборави и Јосип Бартон. И тој ќе биде еден од судиите што ќе судат во главната фаза во Лигата на шампионите во футсал, во првата група што ќе се одржи исто така од 25. до 29. октомври во Брисел во Белгија. На турнирот покрај првакот на Белгија, ќе играат уште и прваците на Франција, Шпанија и Казахстан. Покрај Бартон ќе судат и судии од Естонија, Португалија и Финска. /М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА