Љубомир Младеновски продолжува со одличните настапи во шампионатот на Словенија, во својата прва интернационална сезона по заминувањето од МЗТ Скопје и потписот со екипата на Илирија.
Центарот на македонската репрезентација беше најдобар поединец на својот тим и на денешниот натпревар на домашен терен против Сенчур, што Илирија сепак го загуби со 68-76. Иако тимот на Младеновски водеше речиси цел натпревар, пресудна беше последната четвртина што гостите ја добија со 15-28, направија целосен пресврт и забележаа победа.
Македонецот беше одличен и за 23 минути игра реализираше 14 поени (6/9 од поле, 2/4 за еден поен), надополнети со шест скока, три блокади и дури девет изнудени лични грешки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА