Македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски имаше одличен ефект на дуелот со Унион Олимпија, на стартот од вториот дел од сезоната во словенечкиот шампионат.
Неговиот тим Илирија претрпе пораз од убедливи 86-68 против фаворитот, а Младеновски беше единствениот расположен за игра во таборот на гостинскиот тим. Нашиот центар го заврши мечот со 14 поени и одличен шут од поле (7/9), надополнети со осум скока и една украдена топка.
Младеновски во претходните сезони не добиваше соодветна минутажа во МЗТ Скопје, но сосема добро се снаоѓа во шампионатот на Словенија, наметнувајќи се како еден од клучните играчи во тимот на Илирија, каде тренер е Саша Дончиќ, таткото на словенечкото „чудо од дете“ Лука Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА