Младеновски си заминува од МЗТ Скопје

Македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски нема да биде во составот на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона, со оглед дека не ја прифати понудата на актуелниот првак за продолжување на досегашната соработка, информираше клубот на својата официјална интернет страна.

Младеновски најверојатно сака својата кариера да ја продолжи во странство, а МЗТ Скопје истакнува дека управата на „металците“ сторила сѐ за да го обнови договорот, нудејќи му одлични финансиски услови за нов договор. Клубот напоменува дека вратите за Младеновски да се врати во МЗТ секогаш ќе бидат отворени.

Се вчитува...