Љубомир Младеновски продолжува со добри игри во словенечкиот шампионат, откако македонскиот центар беше меѓу најдобрите поединци на тимот на Илирија и на градското дерби против Олимпија.
Гостите со подобра игра во второто полувреме (29-45) успеаја да триумфираат со убедливи 74-90, а Младеновски беше близу до остварување на дабл-дабл против еден од најдобрите словенечки клубови. Поранешниот член на МЗТ Скопје го заврши натпреварот со 13 поени и осум скока, надополнети со четири асистенции, што сепак беше премалку за Илирија да приреди изненадување на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА