Младинецот кој постигна 155 голови добива шанса во првиот тим на Реал Мадрид

Проблемите со кои се соочи Реал Мадрид минатата сезона го приморија „кралскиот“ клуб да бара искусен фудбалер кој ќе ја покрива напаѓачката позиција каков што беше Хоселу кој на 34-годишна возраст се врати во клубот од детството.

Постоеше можност Реал Мадрид да го ангажира хрватскиот голгетер Анте Будимир кој минатата сезона во дресот на Осасуна постигна 24 голови, но шансите за овој трансфер да се реализира се сведени на минимум откако шансата која ја доби на ФИФА Светското клупско првенство во целост ја искористи Гонзало Гарсија.

Гарсија важи за еден од најголемите таленти на генерацијата 2004. Тој веќе 11 години настапува за младинските категории на Реал Мадрид каде постигна вкупно 155 голови. Ова лето го поминува со првиот „кралски“ тим и на три настапи во САД постигна два гола и забележа една асистенција со што го осигура своето место покрај едни од најголемите фудбалски ѕвезди.

Реал Мадрид е презадоволен од неговата работна етика, посветеност, осетот за игра и поврзаноста со останатиот дел од тимот.

Се вчитува...