Младинките го победија Косово пред настапот на Европското првенство

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија, вечерва го совлада Косово во пријателски натпревар со резултат 30-20.

Ова беше и „генерална проба“ за младинките пред настапот на Европското првенство во Црна Гора, а првиот меч младинките ќе го играат против Унгарија за два дена.

На пат кон Црна Гора се заминува утре, а освен Унгарија, во групата А се уште и репрезентациите на Чешка и на Полска. Сите натпревари се играат во Подгорица.

 

Се вчитува...