Женската младинска репрезентација на Македонија претрпе трет убедлив пораз и третиот натпревар на Европското првенство (У19) во Целје. Младинките овој пат беа немоќни во дуелот со Норвешка и загубија со 20-40. Двоцифрени порази младите македонски ракометарки претрпеа и во претходните два меча на шампионатот од Русија и од Хрватска завршја на последното место во групата Б без освоен бод.
Норвежанките уште по првото полувреме имаа сигурни десет гола предност (9-19), а во вториот дел лесно ја удвоија позитивата и на крај славеа убедлива победа со која го обезбедија второто место во групата зад Русија.
Македонија е последна во групата и ќе разигрува за пласман од 9 до 16.место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА