Младинките отпатуваа на ЕП (У19) во Словенија

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија денеска отпатува за Целје, Словенија каде од утре ги очекува настапот на Европското првенство за ракометарки до 19 години. Македонските ракометарки стартуваат утре (19 ч.) против Хрватска. Покрај Хрватска, во групата со Македонија се уште и селекциите на Русија и на Норвешка.

По групната фаза, првите две репрезентации од групите го продолжуваат настапот во следната четвртфинална фаза, а другите две репрезентации ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.

Македонската репрезентација предводена од слеекѕторот Борче Марковски за настапот на младиснкото ЕП се подготвуваше во Маврово и во Скопје. Во последната селекција од поширокиот состав отпаднаа Ивана Дичковиќ и Ана Станикеска.

Македонија на ЕП (У19) во Целје ќе настапи во следниот состав: Слободанка Кицеска, Сандра Митевска, Пена Граматикова, Анастасија Николобска, Анастасија Милевска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Сашка Филиповска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Михаела Камчевска, Јована Владева, Ања Велкова и Сара Коларовска.

Распоред на натпревари, ЕП Словенија:27 јули, 19:00 Македонија – Хрватска28 јули, 17:00 Македонија – Русија30 јули, 19:00 Македонија – Норвешка

Се вчитува...