Младинската репрезентација на Македонија стартуваше со пораз од Казахстан на меѓународниот турнир во Анталија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со пораз од Казахстан од 1-2 го отвори настапот на меѓународниот турнир во турска Анталија. Гостите поведоа со 0-2 со головите во 56. и 73. минута, а до крајот Македонија успеа само да намали преку Берат Калкан во 80. минута.

Избраниците на Боби Милевски во сабота на 27. март ќе играат со Словачка, додека турнирот ќе го завршат со мечот против Бугарија на 29. истиот месец. Натпреварот го одбележа и незгодната повреда на Стефан Јакимовски на кого по судар со противнички фудбалер неколку минути му беше давана медицинска помош, по која чуварот на мрежата мораше да го напушти теренот.

 

 

 

Се вчитува...