Младинската женска репрезентација со пораз од Португалија во квалификациите за ЕП

Женската репрезентација до 19 години, го запиша и вториот пораз во квалификациите за пласман на ЕП. Македонската репрезентација беше поразена од Португалија со 3-0.

Португалките трите гола ги постигнаа во првиот дел, и тоа за само 11 минути.

Најпрво во 35. минута Коста донесе предност за Португалија. На 2-0 зголеми Каминска во 38. минута, додека во шестата минута од судиското надополнување Сантијаго успеа да постигне и трет гол за Португалија.

И кога се чинеше дека Португалките ќе тргнат по поубедлива победа, сепак, сопреа и во вториот дел остана истиот резултат.

Ова беше втор пораз за Македонија, после неуспехот од Франција. Во следното коло нашата селекција ќе игра со Словачка за три дена. Португалија е домаќин на овој квалификациски турнир.

Се вчитува...