Бутел е најновиот клуб од македонската Супер-лига што потпиша договор со ракометар од Јапонија откако денеска го официјализираше трансферот на Рио Козакаи.
Козакаи има 21 година, а доаѓа од составот на Цукуба од Јапонија и за него ова ќе биде прво искуство надвор од татковината. Настапува на левата бековска позиција, игра во двата правца, а договорот со Бутел е со важност од една година.
Јапонецот ќе дебитира на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, иако на екипата на Горан Кузманоски и се приклучи неодамна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

