Младинскиот репрезентативец Матеј Ангелов својата кариера ќе ја продолжи во украинскиот прволигаш ЛНЗ Черкаси.
Ангелов го напушта Работнички, и согласно договорот меѓу двата клуба, низ претстојната сезона ќе биде позајмен играч во украинскиот тим, со можност ЛНЗ Черкаси и да го откупи комплетно неговиот договор од јуни 2025 година.
20-годишниот Ангелов кој потекнува од фудбалската школа на штипска Брегалница, е стандарден член и на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА