Младинскиот репрезентативец Бербери стрелец за Чешке Будејовице (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Рајан Бербери беше стрелац за својот нов клуб Чешке Будејовице на вчерашниот натпревар од 22. коло во најсилната лига на Чешка.

Будејовице пред своите навивачи загуби со 2-3 од Јаблонец, а Бербери стрелаше во 87. минута за конечни 2-3 на натпреварот.

20-годишниот Бербери, кој игра во офанзивниот среден ред, потекнува од школата на Стандард Лиеж. Претходно, бидејќи има и државјанство на Луксембург, настапуваше за младинските селекции на оваа земја, но во ноември минатата година го промени спортскиот пасош и настапи на два натпревари за младата репрезентација до 21 година на Македонија.

Се вчитува...