Младинскиот репрезентативец на Македонија, Коста Ќириловски својата кариера ќе ја продолжи во редовите на актуелниот шампион на Босна и Херцеговина, Игокеа, кој се натпреварува во регионалната АБА лига.
Еден од најтрофејните босански кошаркарски клубови покажа отворен интерес за македонскиот репрезентативец кој ова изминато лето со јуниорската репрезентација го освои првото место на младинскиот Евробаскет, одржан во Скопје, за кошаркари до 18 години. Па, неизбежно следеше и трансферот во еден од најдобрите регионални клубови.
Ќириловски, кој последните шест години ги мина во дресот на Водно Санс, е втор репрезентативец на Македонија кој ќе заигра во дресот на Игокеа, по Теодор Симиќ кој стана дел од овој клуб во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА