Младинскиот репрезентативец на Македонија, Адмир Љатифи својата кариера ја продолжува во хрватскиот суперлигаш Осијек.
18-годишниот Љатифи, кој важи за еден од најголемите македонски фудбалски таленти, потпиша тригодишен договор со хрватскиот клуб. Офанзивниот фудбалер од средниот ред минатата сезона успешно настапуваше за прволигашот Беса, а претходно во својата кариера има настапи и за Македонија ЃП.
Во моментов е стандарден член на младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

