Младинската репрезентација на Македонија продолжува со добри игри во подготовките за ЕП во Полска, откако избраниците на Боби Милевски доминацијата на дуелот со Бугарија ја претворија во водство од 1-0.
Во самиот финиш од полувремето отпорот на гостите конечно беше скршен по една одлична акција откако Ѓорѓев ја префрли топката зад одбранбената линија на Бугарите, каде Радески одлично се снајде и ја затресе мрежата на противникот. Покрај резултатот, ветувачка е и играта, со оглед на фактот дека на гостите не им беше дозволена ниту една шанса, додека на спротивната страна пред голот Радески, Аврамовски и Бабунски пропуштија убави можности да се запишат меѓу стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА