Младинската репрезентација на Македонија славеше со 27-23 над соодветната ракометна селекција на Луксембург, со што избраниците на селекторот Ангеловски се изборија за разигрување за петтото место на ЕХФ шампионатот што се одржува во Бугарија.
Откако не успеаја да обезбедат пласман во полуфиналето, нашите млади ракометари не дозволија тоа разочарувачки да влијае врз нив, па денеска се вратија во посакуваниот ритам. Луксембург парираше само до 8-9, по што Брестовац блесна на голот со неколку успешни интервенции, што беа искористени за да се создаде одлична предност од 15-9 на крајот од првото полувреме.
„Црвено-жолтите“ знаеја како да го контролираат резултатот во вторите 30 минути, во кои на противникот во ниту еден момент не му беше дозволено да се приближи и да се понадева на камбек. Македонија имаше најубедливи осум гола предност на помалку од десет минути до крајот, за противникот откако се беше готово да успее да се приближи на конечни четири гола разлика.
Тотиќ со пет гола беше најефикасен во таборот на Македонија, пред Тодески и Шулески со по четири постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА