Кошаркаркарската репрезентација на Македонија до 20 години го запиша и вториот триумф на Европското првенство Б-дивизија откако утрово во трилер меч славеа над Швајцарија со 81-82.
Клучна во мечот беше последната четвртина во која нашите надежи одиграа на неверојатно ниво во одбраната дозволувајќи му на противникот само девет поени.
Најефикасни во редовите на Македонија беа Стојковиќ и Кечовски со по 16 поени, Иванов додаде 14, а Ќириловски 12. Иако скокот не функционираше, шутот од дистанца беше силна страна – 14 тројки од 25 обиди.
Следниот натпревар против Данска го играме утре. За пласман меѓу најдобрите осум, покрај победа, Македонија ќе навива и за пораз на Холандија од Австрија, која е лидер во групата со скор 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

