Младинскиот тим за фудбалери до 19 години на АП Брера учествува на реномираниот интернационален фудбалски турнир „КУП на Пријателство“ во Златибор, Србија.
Момците предводени од Ѓорѓе Стојчев, Мартин Алаѓозовски и координаторот Борче Апостолов одлично ги почнаа натпреварите во групата Ц на турнирот совладувајќи го денеска со 2-1 белградски Партизан. Спасов во 19. минута и Костов во 42. минута беа стрелци за победата на АП Брера.
Во групата е уште и екипата на Железничар од Сараево, БиХ, со кого струмичани играат утре од 11 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА