Младинскиот тим на АП Брера од Струмица извлече реми (2-2) против Сараево на домашен терен во првиот натпревар од плеј-оф квалификациското коло во младинската Лига на шампиони.
Гостите од БиХ имаа предност од 0-2, на на крај македонскиот тим со одлична игра во финишот успеа да дојде до реми пред реваншот. Поповиќ во 37. минута донесе водство за Сараево, а Плоко во 69. минута веќе зголеми и на 0-2.
Но, потоа на сцена стапи Мартин Ѓоргиевски. Најпрво со погодокот во 76. минута успеа да намали на 1-2, а потоа Ѓоргиевски погоди и од пенал во 94. минута за конечни 2-2.
Сега АП Брера од „нула“ ќе го очекува реваншот во Сараево кој се игра за седум дена во БиХ.
Ова е седма сезона на младинската Лига на шампиони под организација на УЕФА, во која АП Брера Струмица ќе се обиде да стане првата македонска екипа што ќе се пласира во второто квалификациско коло. Ако успее да го мине Сараево во второто коло треба да се соочи со екипата на Макаби Петах Тиква од Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА