Младинците на Е. Пелистер го победија Киелце и се на чекор до Ф4 во ЛШ!

Младинската екипа на Еурофарм Пелистер се пласираше во финалето на квалификацискиот турнир за пласман во Ф4 во Лигата на шампионите. Младинците на битолскиот тим имаа моќно издание против полскиот Киелце, и победија со 37-29.

Пелистерци во голема мера го решија прашањето околу победникот уште по првиот дел, кога водеа со +11 (22-11), а во вториот дел само формално ја обработија задачата. Киелце не успеа да стигне до голема сензација и до голем пресврт, односно најмногу што се доближија е осум разлика.

Хаџиќ во победничкиот тим постигна 14 голови и беше херој, а неколку одлични одбрани имаше Фехми. Полскиот тим направи многу грешки, а кога веќе победникот беше решен, тренерот на македонскиот тим Мемиќ ги повлече најдобрите ракометари, за да ги поштеди од умор пред финалето.

Противник на македонскиот тим во финалето и во битката за пласман на завршниот турнир во Келн ќе биде победникот од дуелот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк.

Се вчитува...