Младинците на Хајдук во финалето на ЛШ: Растурен и Милан, сплитско славје во Женева

Хајдук оствари фантастичен успех откако младинскиот тим на сплитскиот клуб успеа да се пласира во големото финале на Лигата на Шампионите за младинци. Работата во младинските категории повторно дава со плод и е предуслов за успесите на хрватските клубови и репрезентации, подоцна и на сениорско ниво, нешто од што може дефинитивно да се учи.

Полуфиналниот дуел меѓу Хајдук и италијанскиот гигант Милан се играше во Женева, каде хрватскиот состав со импресивна игра во второто полувреме стигна до убедлива победа од 3-1.

„Росонерите“ немаа среќа во првиот дел кога ја погодија гредата, за потоа во вториот дел Хајдук целосно да доминира и да постигне три погодоци, преку Врциќ, Пукшташ и Хрговиќ, за во финишот Милан само да го ублажи поразот со голот што го постигна Зероли.

Ривал на Хајдук во големото финале ќе биде холандски АЗ Алкмар, кој по подобро изведување на пенали славеше во првото полуфинале против Спортинг Лисабон.

Се вчитува...