Младинците на Работнички во чекор ја следат АП Брера

Во Младинската Супер лига на Македонија се води неизвесна борба за освојување на шампионската титула.

Актуелниот првак Работнички во меч од 17. коло го совлада Арсими со 2:0 и во моментов има само еден бод помалку во однос на лидерот АП Брера, која вчера во дербито триумфираше над Вардар со 4:1.

Фудбалерите на Работнички до победата дојдоа со двата погодоци постигнати во второто полувреме. Во 55. минута Нарт Усеини ми донесе предност на домаќинот од 1:0, а само шест минути подоцна Кренар Хоти го постави конечниот резултат.

Во останатите натпревари од денешната програма Охрид Лихнидос го декласираше Тиквеш совладувајќи го со 7:0, тетовска Шкендија исто така беше убедлива во дуелот против Струга Трим Лум и забележа победа од 7:1.

Шкупи славеше над Тетекс со 3:0, Њу Старс ја совлада Брегалница Штип со 2:1 додека Пелистер на домашен терен триумфираше над Башкими со 5:2.

Вчера во дербито АП Брера како гостин го совлада Вардар со 4:1, а Македонија ЃП забележа победа од 11:0 во соочувањето со Скопје.

Во моментов на чело на табелата со 46 бода и натпревар помалку е АП Брера, Работнички е втор со 45 додека на третата позиција исто така со еден меч помалку е Вардар со 39 освоени бода. Последна во кругот на фаворити за освојување на шампионската титула е Македонија ЃП која по 17 одиграни средби има 37 бода.

Се вчитува...