Младинците почнуваат со подготовки за СП во Алжир, на првиот собир некомплетни

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија на 10 јуни ќе го има првиот собир со кој стартуваат подготовките за настапот на СП (У21) во Алжир. Селекторот Илија Темелковски за овој собир повика 16 ракометари, а во оваа фаза од подготовките ќе недсотасуваат дел од репрезентативците кои се на списокот на сениорската репрезентација за настапот во квалификациите за ЕП 2018.

Првиот собир на младинците ќе биде на 10 јуни во 10 часот, во салата „Македонско сонце“ во Скопје. Младинските репрезентативци кои се дел и од сениорскиот тим, ќе се приклучат директно во втората фаза од подготовките што ќе се одвиваат во Маврово.

На СП (У21) во Алжир што ќе се одржи од 18 до 30 јули, Македонија ќе игра во Групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и на Буркина Фасо.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ПРВ СОБИР НА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:Никола Даниловски, Димитар Димитриоски, Давор Палевски, Мице Шилегов, Томислав Јагуриновски, Филип Арсеновски, Милан Лазаревски, Дејан Кукуловски, Горан Крстевски, Марио Танкоски, Стефан Трпчевски, Дарио Петровски, Михаил Аларов, Иван Џонов, Мартин Серафимов, Марко Кизиќ.

Се вчитува...