Македонската младинска ракометна репрезентација претрпе пораз од Хрватска во вториот натпревар од пријателскиот двомеч кој служи како воиграување за престојното Европско првенство.
Овој пат Хрватите се радуваа на победа од 34-28 во натпревар во кој пресуден беше самиот финиш во кој „коцкестите“ искористија неколку грешки на нашите репрезентативци.
Со 11 голови Узунчев одново ја предводеше Македонија, додека него го следеше Михајловиќ со осум голови.
Пред настапот на Европското првенство во Словенија, младинците ќе имаат уште две проверки против селекцијата на Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА