Младинците против Полска ги отвораат квалификациите за СП 2017: На „Кале“ може секој да падне…

На свој терен пред домашната публика машката младинска репрезентација на Македонија ќе се обиде да избори пласман на СП (У21) во Алжир. Македонската репрезентација на квалификацискиот турнир на кој сме домаќини ќе стартува денеска со мечот против Полска (17.45). Покрај овие две репрезентации, во групата се и селекциите на Португалија и на Турција, а пласман на СП обезбедува само првопласираната селекција во групата.

„Свесни сме за она што не очекува во овие квалификации и ќе се обидеме да одиграме максимално и да одговориме на предизвикот. Полска има квалитетна репрезентација , слика на денешниот модерен ракомет во еден тим, но имаат и недостатоци во играта кои ќе настојуваме да ги искористиме.Знаеме што не очекува, во изминатиов период на подготовките многу анализиравме, трениравме, работевме и сега редно е тоа да го сублимираме и да го покажеме на терен. Ја имаме предноста на домашниот терен и се надевам на поддршка од публиката која дополнително ќе не мотивира. Има голема желба и голема позитивна енергија во тимот која верувам ќе донесе позитивни резултати“ – истакнува селекторот на македонската репрезентација, Илија Темелковски.

Македонија предводена од Филип Талески и Марко Нелоски кои паралелно се подготвуваа и со младинската и со сениорската репрезентација, се вбројува меѓу фаворитите за првото место во групата кое носи пласман на СП во Алжир. Главни конкуренти ќе и бидат Полска и Португалија, додека Турција е со ајутсајдерска улога во оваа конкуренција

Во првиот натпревар, денеска со почеток во 15 часот ќе играат Турција и Португалија.

СП (У21) во Алжир ќе се одржи од 17 до 30 јули годинава. Од европските репрезентации директен пласман на шампионатот имаат селекцијата на Шпанија која е актуелен светски првак во оваа категорија и трите најдобропласирабни селекции на СП (У19) – Германија, Хрватска и Норвешка. Нив ќе им се приклучат победниците од седумте квалификациски групи.

Квалификации СП 2017 (У21), група 3:04 јануари:Турција – Португалија (15.00 ч.)Македонија – Полска (17.45 ч.)05 јануари:Турција – Полска (15.00 ч.)Македонија – Португалија (17.45 ч.)06 јануари:Полска – Португалија (12.00 ч.)Македонија – Турција (14.30 ч.)

Се вчитува...