Младинската репрезентација на Македонија забележа победа на вториот контролен натпревар со Полска, триумфирајќи со резултат 63-54.
Селекторот Мирко Петрески има причина да биде задоволен од изданието на своите кошаркари, кои за разлика од вчерашниот дуел и поразот од истиот ривал со 55-65 овојпат беа на висина на задачата. Иако се уште има осцилации во играта, многу значајно е што „црвено-жолтите“ одиграа исклучително во клучните моменти, создавајќи си удобна предност што потоа знаеја како да ја задржат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА