Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години во контролен натпревар славеше против Косово со 71-59.
По три изедначени периоди нашите надежи успеаја да направат разлика во последната четвртина и да стигнат до прва победа во овие подготовки.
Стојковиќ со 19 поени беше прво име во нашиот табор, додека Ќириловски и Иванов постигнаа по десет поени.
Во петок двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

