Младинците со моќно второ полувреме ја збришаа Романија

Македонската младинска репрезентација ја забележа и втората победа во низа на ЕП во Словенија, откако со фуриозна игра во второто полувреме ја декласираше Романија со резултат 31-26. По овој триумф, македонските ракометари имаат загарантиран пласман во Топ 12 на ова ЕП, а задутре ќе се сретнат со Франција за првото место во групата од разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на шампионатот.

Првото полувреме од денешниот дуел мина во израмнета игра на двете страни, а Романија беше селекцијата што прва стигна до посериозно водство, поведувајќи со „плус три“ (6-9). Македонија имаше подготвен одговор, преку Узунчев и Калајџиоски експресно се врати израмнувајќи на 9-9 по што се играше егал до самиот крај на полувремето и на одмор се замина со израмнети 15-15, по голот што го постигна Раду за Германија во последната минута.

Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа беспрекорно второ полувреме во кое целосно доминираа во однос на противникот, па по израмнетите 17-17 нашите ракометари постигнаа шест гола во серија и целосно се одлепија резултатски. Одбраната на чело со голманотг Галевски функционираше маестрално во овој дел од мечот, додека на спротивната страна со леснотија наоѓавме одговор за зоната на Романците. Предноста продолжи да се зголемија, па Македонија имаше 29-20 и 30-21, практично решавајќи ги дилемите околу победникот, за на крајот да славиме со конечни 31-26.

Узунчев со шест гола беше најефикасен во македонскиот национален тим, пет постигна Карасманакис, а со четири погодоци мечот го заврши Калајџиески, а голманите Брестовац и Галевски имаа по седум успешни интервенции.

Се вчитува...