Младинците со победа над Косово ја започнаа Балканијадата

Македонската одбојкарска репрезентација до 20 години со победа од 3-1 (25:22, 21:25, 28:26, 25:23) на селекцијата на Косово ја започна Балканијадата која оваа година се одржува во Приштина.

Со оваа победа избраниците на Ванче Санев ја потврдија фаворитската улога и останаа во игра за висок пласман на меѓународното натпреварување. Во следното коло „црвено-жолтите“ ќе се сретнат со Бугарија, дуел кој ќе игра важна улгоа во битката за медал.

Се вчитува...