Младинците со пораз од Данска за крај на групната фаза на ЕП Б-дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со пораз од Данска 89-85 го заврши настапот во групата А на Европското првенство Б-дивизија.

Натпреварот почна поентерски ефисно и на двете страни, па по првите десет минути Данците имаа минимална предност од 26-25. Израмнета игра донесе и вториот период во кој овојпат за нијанса нашите надежи беа подобри, па на пауза меѓу двете полувремиња се влезе во егал (44-44).

Во вториот дел Данците иако го контролираа резултатот нашите надежи имаа на 12 секунди напад за израмнување (88-85), но не успеа да погоди тројка Сергеј Младеновски, а на крајот Данците славеа со 89-85. Луканоски со 21 и Младеновски со 17 поени беа најефикасни во нашиот табор, додека кај победникот Вилијам Блох заврши со 21 поен.

Дури и да победевме на овој меч Македонија немаше да биде дел од плејофот бидејќи порано денеска Швајцарија славеше против Австрија и со тоа ги загубивме сите надежи за пласман меѓу осумте најдобри на шампионатот. Избраниците на Горан Самарџиев на турнирот ќе разигруваат од 17. до 21. место.

Се вчитува...