Младинците убедливи на контролата против Словачка

Младинската ракометна репрезентација на Македонија стигна до убедлив триумф од 29-16 против Словачка во контролен натпревар пред настапот на Eвропското првенство.

Словаците успеаја да им парираат на нашите надежи само едно полувреме, откако по првите 30 минути резултатот беше 9-9. Во вториот дел избраниците на Раде Стојановиќ одиграа фуриозно и на крајот славеа со 29-16.

Двете репрезентации утре од 16 часот ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.

Се вчитува...