Младинската репрезентација на Македонија со триумф го стартуваше настапот на ФИБА-челинџер турнирот во Шопрон, откако избраниците на Тони Симиќ со многу мака славеа над селекцијата на Луксембург со резултат 73-57.
„Црвено-жолтите“ предолго се мачеа да го скршат отпорот на аутсајдерот во групата, откако Луксембург целосно им парираше на македонските кошаркари во првите три четвртини од мечот. Како пресудна се покажа последната четвртина, во која конечно профункционира македонската одбрана, противникот во првите седум минути постигна само четири поени, а нашите млади кошаркари беа ефикасни на спротивната страна и го осигураа триумфот, изразен со конечни 73-57.
Димитровски со 17 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека Иванов и Митевски го завршија мечот со по 13 постигнати поени.
Македонија утре во рамките од второто коло ќе се сретне со селекцијата на Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА