Младинската репрезентација на Македонија ги дозна противниците од новиот квалификациски циклус во кој нашите фудбалери до 21 година ќе се борат за место на ЕП 2027 што ќе се одржи во соседните Србија и Албанија.
Нашата млада селекција се најде во четвртиот шешир во ждрепката и беше извлечена во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија. Новиот квалификациски циклус ќе стартува во март 2025 и ќе трае до октомври 2026 година.
Согласно пропозициите, пласман на ЕП 2027 ќе обезбедат победниците во сите групи и најдобрата второпласирана од деветте групи во овој квалификациски циклус, додека останатите второпласирани селекции ќе играат бараж за преостанатите четири билети за овој шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

