Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа пораз од Белорусија од 3-1 во деби натпреварот на Горан Станиќ како селектор на националниот тим.
Белорусите поведоа со 1-0 со голот на Дубинец во 22. минута. На 2-0 Белорусите зголемија во 61. минута, додека 3-0 беше само осум минути подоцна.
Единствениот погодок за македонскиот тим го постигна Кире Стојанов во 82. минута.
Македонија на 25. септември ќе го одигра и вториот пријателски натпревар во Анталија, против селекцијата на Азербејџан со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА