Младиот Арбин Курти на проба во Стандард Лиеж

Младинскиот репрезентативец до 17 години Арбин Курти, е на проба во белгиски Стандард Лиеж. Курти (17) се наоѓа заедно со уште шест играчи од цел свет на проба во оваа екипа, и доколку задоволи, ќе потпише договор.

Курти е член на Вардар, а лани имаше повреда на лигаментита поради која паузираше, но сега е рехабилитиран.

Во минатото Курти беше дел од фудбалската школа Шкупи, а беше дел и од фудбалската Академија при ФФМ. Тој игра како крилен фудбалер.

 

Се вчитува...