Младиот Аргентинец испиша историја, Ривер го доби „Суперкласико“ против Бока (ВИДЕО)

Суперкласико, односно 263. издание на веројатно најголемото дерби на светот, заврши со победа на Ривер Плејт на „Монументал“ над Бока Јуниорс со 2-1.

Се играше 15. коло на Апертура (прва половина од натпреварувачката сезона во лигата типична за Јужна Америка), а Бока ќе биде домаќин во Клаусура на 9. ноември.

Пресметката на великаните во Буенос Аирес ја одбележа младиот Франко Мастантуоно, кој во историјата на дербито меѓу Ривер и Бока се запиша како најмлад стрелец во Суперкласико со 17 години и 257 дена.

Офанзивниот играч за врска беше одговорен за извонреден гол, директно од слободен удар, во 26. минута, а станува збор за човек за кој наводно е заинтересиран за Манчестер Јунајтед.

River Plate [1] – Boca Juniors 0 – 24’ Franco Mastantuono
byu/YourNameNameName insoccer

Се вчитува...