Младиот Богданоски e нов фудбалер на Шкупи

18-годишниот стружанец Александар Богданоски, кој неодамна беше дел од тимот на Кожуф e нов фудбалер на македонскиот прволигаш Шкупи.  Богданоски претходно беше дел од  Работнички, додека е редовен член и на младите репрезентации на Македонија.

„За мене е голема чест да бидам дел од тим со толкава историја, како што е Шкупи, екипа која секогаш оди по титулата. Не би сакал да кажам ништо повеќе од тоа дека секогаш ќе се трудам да придонесам за добар резултат на тимот. Се надевам дека заедно со сите ќе ги постигнеме целите и задачите на клубот. Им благодарам на сите за дадената можност и ветувам дека нема да ве разочарам“, изјави Богданоски.

Се вчитува...