Младинскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ, се повеќе се наметнува кај стручниот штаб на Хувентуд, па 19-годишниот кошаркар почна да добива шанса и во првиот тим на клубот од Бадалона во рамките од Ендеса-лигата.
Димитријевиќ своето деби во елитното шпанско кошаркарско друштво го имаше против Барселона, а синоќа неговиот тим се сретна со Реал Мадрид, при што младиот бек успеа да се запише и меѓу стрелците. Тој настапи нешто повеќе од четири минути против актуелниот првак на Шпанија, при што го погоди единствениот шут од поле што го упати, а зад неговото име остана запишана и една загубена топка.
Хувентуд го загуби мечот на домашен терен со 78-81, а најефикасен кај Реал Мадрид беше Фелипе Рејес со 18 поени. Ваквите натпревари сигурно ќе ја зголемат и самодовербата кај младиот Македонец, кој се посериозно се наметнува и за настап во сениорската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА