Младиот фудбалер на Борусија го чека суспензија поради изјавата за судијата Цвајер

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем си направи проблеми со вчерашната изјава по дербито со Баерн Минхен. Играчот од средниот ред по мечот со „Баварците“ „удри“ по судијата.

„Што очекувате кога за судија на дерби ќе поставите човек кој што беше обвинет за местење на натпревари“, рече Белингам.

Сепак, контролорот на судењето на овој натпревар се реши да испрати тужба до Белингем за клевета и навреда, а ДФБ дури може да му изрече и суспензија од неколку натпревари.

Фудбалерите на Борусија беа многу бесни на судењето. Коментираа и Ројс и Халанд, но не во таква мера како што го стори тоа Белингем.

Се вчитува...