Младиот голман Никола Филевски како и крилниот офанзивец Марко Софијаноски се нови фудбалери на велешки Борец за новата сезона во второлигашката конкуренција.
Филевски, кој има 19 години, во Борец доаѓа од најтрофејниот македонски клуб Вардар каде ги помина сите младински категории, а имаше настап минатата сезона и во првиот тим на “црвено-црните” од кој дел беше две години.
20-годишниот Марко Софијаноски, пак, може да ги покрие позициите крило и офанзивен играч за врска и доаѓа од екипата на Македонија ЃП. Потекнува од младинската школа на Вардар. Во досегашниот дел на кариерата, има настапувано и за екипите на Брегалница и Тетекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА