Дефанзивецот на Ливерпул, Џовани Леони, е опериран откако ги скина вкрстените лигаменти. 18-годишниот Италијанец ја заработи повредата на 23 септември на натпреварот од англискиот Лига куп против Саутемптон (2-1), што беше негово деби за клубот.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека играчот би можел да ја пропушти сезоната. Леони дојде во Ливерпул од Парма во август оваа година. Договорот беше вреден 31 милион евра. Неговиот договор со англискиот клуб важи до крајот на јуни 2031 година.
„Операцијата е завршена. Ви благодарам на сите за пораките. Ќе се вратам наскоро“, напиша играчот на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

