Младиот Јасин Муше на проба во грчки Ксанти

Младиот фудбалер Јасин Муше, кој е роден 2002 година, е на проба во грчкиот тим Ксанти, и деновиве треба да се знае дали ќе ги задоволи вкусовите на тимот, ќе потпише договор.

Муше беше дел од тимот на Осогово во последните шест месеци, а во минатото беше дел од младинските категории на Шкупи. Тренираше и со сениорскиот тим на чаирската екипа под водство на Муарем Бајрами и на Умит Каран.

Муше игра на позицијата напаѓач, моментално е дел од селекцијата на Македонија до 19 години, а беше дел и од помладите генерации. Доколку потпише договор со Ксанти, тој ќе биде соиграч со Бесарт Ибраими кој е дел од оваа екипа.

Муше ако задоволи и ако стави потпис на договорот, ќе се стекне со право во јануари. Ксанти е грчки второлигаш кој во моментов е на втората позиција на табелата, со еден бод заостанување зад првопласираниот тим на Верија, но и натпревар помалку.

Се вчитува...