Македонскиот бисер 15-годишниот Лука Трпевски, денеска потпиша професионален договор со српскиот гигант Црвена Звезда. Станува збор за талентиран играч од средниот ред, во кого српскиот шампион гледа како иден стандарден првотимец.
Трпевски во Црвена Звезда е веќе две години, а во минатото беше дел од Македонија ЃП и од Вардар. Настапува за пионерската екипа на „црвено-белите“ која е шампион во својата земја. Тој е најмладиот играч од Македонија кој потпишал професионален клуб со овој тим.
„Многу ми значи овој професионален договор. Сакам да им се заблагодарам на клубот за шансата. Се чувствувам прекрасно. Мојот сон од мал е еден ден да истрчам на теренот на стадионот Маракана во првиот тим на Црвена Звезда“, рече Трпевски по потписот.

Раководството на Црвена Звезда изрази задоволство од потписот.
„Голем број клубови беа заинтересирани, но ние сме најголем клуб во регионот и успеавме да го доведеме. Има одлична техника, шут, и се надевам дека ќе го покаже сиот талент во нашиот клуб, и ние ќе имаме бенефит од него“, вели Нјикола Јелиќ, директорот на младинската школа на клубот.
Покрај во неговата генерација, настапува и за постарите играчи, односно со генерацијата на фудбалери родени 2009 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

